Мбапе стана најмлад сопственик на клуб во Европа, откако даде 20 милиони евра за да го купи второлигашот

Килијан Мбапе го има еден од најбурните летни периоди, барем кога се работи на професионален план. По седум години поминати во Пари Сен Жермен, Мбапе направи трансфер во Реал Мадрид.

Освен што го очекува нов предизвик во Кралскиот клуб, Мбапе, влезе и во други води поврзани со фудбалот. Тој и неговото семејство станаа сопственици на познатиот француски клуб Каен. Некогашниот прволигаш, сега е дел од втората француска лига, а Мбапе го купи за сума од 20 милиони евра, кои беа доволно да се добие доминантниот пакет на акции.

Тоа што е посебно интересно е дека Мбапе како дете требало да заигра за Каен, но целиот договор пропаднал, кога клубот во 2012 година испаднал од елитното француско друштво. Тогаш Килијан имаше само 13 години.

Со овој договор, и преземање на сопствеништвото, Мбапе стана најмладиот сопственик на еден клуб во Европа, превземајќи го приматот од Кирил Луис-Дрејфус кој со 27 години е сопственик на англискиот Сандерленд.

- Оглас -

Најнови вести