Килијан Мбапе го информирал раководството на Пари Сен Жермен дека нема намера да го продолжи договорот до 2025 година, а тоа ги налутило катарските газди и тие тргнале во контранапад, па му дале ултиматум на Мбапе.
Многу работи ќе бидат појасни на почетокот на август. Во договорот на Мбапе со ПСЖ, кој беше потпишан лани, има клаузула дека до 30 јули годинава фудбалерот треба да го продолжи договорот за уште една сезона, до јуни 2025. Ако не го стори тоа, во летото 2024 година Мбапе станува слободен играч.
Мбапе најави дека и следната сезона ќе игра за Светците, а сака во 2024 да биде слободен и веројатно да си замине од клубот. Тоа е опцијата која ја чекаат и во Реал Мадрид. Кралскиот клуб не сака да му плати отштета на ПСЖ за Мбапе, туку напаѓачот би го довеле како слободен.
Но, парижаните синоќа му порачале на Мбапе дека нема шанса да го пуштат да си оди како слободен играч во 2024 и дека ако не сака да потпише до 2025, ќе го продадат уште летово.