Мбапе: Точно е дека Нејмар го нареков клошар

Во големо интервју за „Л‘Екип“, Килијан Мбапе потврди дека го нарекол клошар својот клупски колега од ПСЖ, Нејмар, откако Бразилецот имаше едно погрешно додавање.

„Да, навистина кажав дека тој клошар никогаш не ми подава. Такви нешта се случуваат во фудбалот. Откако случајот се надува, лично зборував со Неј. И претходно сме си разменувале слични нешта и ќе продолжиме да го правиме тоа бидејќи секогаш сакаме да победуваме. Тоа не го кажав затоа што не го почитувам, туку едноставно не бев задоволен од едно додавање. Нема никаков проблем, во други ситуации јас не му додавав и тој беше незадоволен“, објасни Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести