Францускиот првак Пари Сен Жермен ремизираше и во второто коло од француското првенство, откако одигра 1:1 на гости кај Тулуз. Светците докинираа на теренот со посед на топка, но тоа беше јалово и безидејно, затоа што немаше начин како да постигнат гол.
На почетокот од второто полувреме во игра влезе Килијан Мбапе. Првата ѕвезда на тимот погоди од пенал во 62 минута, откако претходно над него беше направен и прекршокот. Сепак, тоа не беше доволно за ПСЖ да се радува, затоа што во 87 минута беше досуден пенал и за домаќините, кој беше реализиран и на крајот резултатот беше 1:1.
Во првиот меч кој денеска се одигра во француското првенство, Монпелје убедливо со 4:1 го победи Лион и тоа на гостински терен.