Мбапе тргна од центарот и немаше спас за противникот (Видео)

Пари Сен Жермен лесно со 3:0 славеше на гости кај Брест и без проблем се пласираше во осминафиналето од Купот на Франција. Килијан Мбапе даде два гола, а еднаш прецизен беше Сарабија.

Потегот на мечот го имаше Мбапе и тоа по само девет минути игра. Првата ѕвезда на ПСЖ освои една топка на средината од теренот и тргна во незадржлив напад. Успеа да претрча до шеснаесетникот, а потоа од таму упати „ракета“, која домашниот голман воопшто не ја ни виде. Топката заврши во голот и тоа беше најава за победа на фаворитот.

https://twitter.com/i/status/1368296638029180936

 

- Оглас -

Најнови вести