Килијан Мбапе го престигна Тјери Анри и се искачи на второто место на вечната листа на стрелци на француската репрезентација. Овој подвиг го постигна со голот против Исланд (2-1), кој беше неговиот 52-ри погодок за националниот тим.
Мбапе постигна еден гол и забележа една асистенција во победата на Франција, со што сега има пет гола во пет натпревари сезонава.
По натпреварот, тој го прокоментира новото постигнување.
„Да го престигнам Анри е фантастично, но има уште еден човек кој треба да се надмине, па нема да славам премногу. Сè уште има работа за правење“, изјави Мбапе.
Во моментов рекордот за најмногу постигнати голови во францускиот национален дрес го држи Оливие Жиру со 57 гола.