Мбапе урива рекорди, но попусто кога Реал ги загуби трофеите

Со својот блескав хет-трик против Барселона, Килијан Мбапе не само што го престигна Роберт Левандовски во трката за „Пичичи“ – наградата за најдобар стрелец во Ла Лига, туку и урна два историски рекорда во Реал Мадрид, кои дури ни Кристијано Роналдо не успеал да ги достигне.

Третиот негов гол во мрежата на вечниот ривал беше негов 39-ти погодок во дресот на Kралевите, со што ја надмина досегашната најдобра голгетерска сезона на дебитант – рекордот од 37 гола на Иван Заморано од сезоната 1992/93.


За споредба, Кристијано Роналдо во својата прва сезона (2009/10) постигна 33 гола, исто колку и Руд ван Нистелрој во 2006/07.

Покрај тоа, Мбапе влезе во елитно друштво како само трет играч што постигнал хет-трик во Ел Класико во Ла Лига во 21-от век. Тој стана и првиот фудбалер на Реал Мадрид што постигнал три гола против Барселона во првенствен натпревар од 1995 година, кога тоа го направи токму Заморано.

Во последните дваесет години, само двајца играчи на Барселона успеале да дадат хет-трик во првенствено Класико – Лионел Меси (во 2007 и 2014) и Луис Суарез (во 2018).

- Оглас -

Најнови вести