Франција разочарувачки стартуваше во мечевите од Лигата на нации, па по првите три кола нема ниту една победа и со само два бода е на дното на табелата во група со Данска, Австрија и Хрватска.
Галските петли синоќа беа на прагот од пораз на гости кај Австрија, но Килијан Мбапе ги спаси но таков исход. Се играше 83 минута кога Французите направија брз контра напад, а Мбапе беше во главна улога. Фудбалерот кој неодамна потпиша нестварен договор со Пари Сен Жермен, покажа дека е незадржлив ако тргне кон противничкиот гол, а домашните фудбалери немоќно гледаа како израмнува на 1:1.