Мбапе уште пред неколку месеци предвиде дека Франција ќе игра против Мароко! (Фото)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен во мај беа во посета на Доха и во таа прилика Килијан Мбапе „предвиде“ дека на СП во Катар неговата Франција ќе игра против Мароко.

Ждрепката за СП беше направена, се знаеше дека Франција на овој терен во Доха треба да се сретне со Тунис, а Мбапе се покажа како „јасновидец“.

На документарниот филм ја има целата конверзација.

„Се наоѓаме на стадионот на кој ќе има 40.000 луѓе кои ќе гледаат Франција – Тунис. Се надевам дека ќе го победиме Тунис и дека потоа ќе се сретнеме со Мароко. Ќе треба да го растурам мојот пријател“, рече Мбапе.

Репликата од Мароканецот Ашраф Хакими беше: „Ќе го убијам“!

Мбапе не застана тука и продолжи со шеговита провокација.

„Срцето ќе ми биде скршено, ама таков е фудбалот. Ќе мора да го уништам“, додаде Мбапе со насмевка на лицето.

Мбапе погоди дека Франција ќе се сретне со Мароко, средбата се игра задутре и тоа е полуфинале на Мундијалот, но не погоди дека ќе го победат Тунис во групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести