Мбапе утре ќе го сруши рекордот кој трае од 1958 година!

Килијан Мбапе постигна еден гол за Франција во победата над Гибралтар и со тоа уште еднаш го запиша своето име во историјата на францускиот фудбал. Со тој погодок против Гибралтар, Мбапе стигна до бројката од 53 голови оваа сезона во сите натпреварувања.

Со еден ваков биланс, Мбапе го израмни рекордот на легендарниот Жист Фонтен кој пред 65 години стигна до бројката од 53 голови. Таа сезона, Фонтен постигна рекордни 13 голови на Светското првенство, што уште опстојува како рекорд на најмногу постигнати погодоци од еден фудбалер на еден Мундијал.

Мбапе сега е израмнет со Фонтен по вкупниот број на голови во една сезона, но ѕвездата на ПСЖ утре ќе има можност да го надмине Фонтен. Франција на свој терен ќе игра против Грција и доколку Мбапе постигне барем еден гол, ќе влезе во историјата на францускиот фудбал, како играч со најмногу постигнати голови во една сезона.

- Оглас -

Најнови вести