Еден од најдобрите светски фудбалери, Килијан Мбапе, денеска треба да замине во посета на родната земја на татко му Вилфрид, Камерун.
Мбапе првпат е во оваа африканска земја, за која во минатото имаше опција да игра, но одби и се одлучи за родната Франција, а утре ќе има средба и со премиерот на државата.
Потоа Мбапе треба да го посети училиштето, кое е реновирано со пари од „Фондацијата Мбапе“, а ќе учествува и на еден ревијален хуманитарен меч за екипа од втората камерунска лига чиј претседател е некогашниот тенисер Јаник Ноа.
Се очекува Мбапе да остане во Камерун до сабота, а за посетата нема многу информации во медиумите, веројатно од безбедносни причини не сакаа Камерунците многу да се знае дека ќе им дојде Мбапе.