Мбапе вчера се огласи и веднаш ги налути Кралевите

Килијан Мбапе веднаш по победата над Тулуз во францускиот Суперкуп од 2:0 проговори за својата иднина и го налути претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес.

„Сè уште не сум донел одлука за својата иднина, ниту сум направил некаков избор. Каква и е да мојата одлука, благодарение на договорот кој минатото лето го направив со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, сите страни се заштитени. Успеавме да го зачуваме мирот во тимот и тоа е најважно“, изјави Мбапе.

Овие зборови, според шпанските медиуми, воопшто не му се допаднале на првиот човек на Кралевите, Флорентино Перес, кој смета дека Мбапе повторно одолговлекува со доаѓањето на „Сантијаго Бернабеу“ и дека повторно може се премисли и да остане во ПСЖ.

Пред две години, кога сите мислеа дека Мбапе ќе потпише за Реал Мадрид, тој се премисли и во последен момент одлучи да потпише нов договор со ПСЖ.

Според шпанските медиуми, понудата на Перес до Мбапе е 130 милиони евра бонус само за потпис на договорот и годишна нето-плата од 26 милиони евра.

Актуелниот договор на Мбапе истекува на крајот од сезоната и тој од први јануари е слободен да преговара со заинтересираните екипи. Наводно, Перес веќе му поставил ултиматум на Мбапе до средината на месецов да даде одговор дали ќе ја прифати понудата на Реал.

- Оглас -

Најнови вести