Еден од фаворитите за прв стрелец на претстојното Европско првенство, француската ѕвезда Килијан Мбапе, изјави дека во финалето на ЕВРО 2024 би сакал неговата селекција да игра финале против домаќинот Германија.
„Германија има одличен тим. Загубивме од нив 0-2 во март, но пријателските мечеви не се бројат, хахаха. Шегата на страна, тие се секогаш тука кога нешто големо е во прашање и секогаш се враќаат по тешки ситуации. Германија против Франција во финалето на ЕП? Да, би го потпишал тоа“, изјави Мбапе.