Пари Сен Жермен наголемо се подготвува за сезона во која може да ги нема трите најголеми ѕвезди досега. Лионел Меси веќе си замина, а на излезна врата од францускиот првак се и Килијан Мбапе и Нејмар. За Мбапе веќе нема иднина во ПСЖ и тој доби забрана да тренира со првиот тим, додека Нејмар најави дека сака да си замине.
Во една ваква ситуација, ПСЖ вчера повлече силен адут потпишувајќи со Гонсало Рамош. Португалскиот репрезентативец е претставен како големо засилување и како новата голема ѕвезда на Светците. ПСЖ за Рамош на Бенфика ќе ѝ плати отштета од 80 милиони евра.
Поради финансискиот ферплеј сезонава, Рамош ќе игра како позајмен, но со задолжително откупување на договорот следното лето за 65 милиони фиксни и уште 15 милиони бонуси.
Рамош се промовираше на светскиот фудбалски аудиториум за време на Светското првенство во Катар. Тој беше фудбалерот кој изненадувачки доби шанса пред Кристијано Роналдо на мечот од нокаут-фазата против Швајцарија и тоа го искористи на најдобар можен начин, постигнувајќи хет-трик во убедливата победа од 6:1.