Килиjан Мбапе не стана шампион на Шпанија во првата сезона за Реал Мадрид, но продолжува да руши рекорди. Французинот синоќа постигна два гола на гостувањето кај Леванте (1-4) и со тоа стигна до 38 погодоци во Ла Лига.
Ова е големо постигнување ако се знае дека веќе го надмина легендарниот Зинедин Зидан, кој има постигнато 37 гола за Кралскиот клуб.
Мбапе, кој има 26 години, се искачи на 42-рото место на вечната листа на стрелци на Реал Мадрид, изедначувајќи се со Луиш Фиго и Давор Шукер.
Рекордер е Кристијано Роналдо со 311 постигнати гола.