26.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Мбапе веќе го одбрал новиот клуб за следната сезона

Еден од најдобрите играчи на денешницата, Килијан Мбапе, е главна тема кога се работи за летниот трансфер-период. На крајот од сезоната, на Мбапе му истекува договорот со Пари Сен Жермен и ќе биде слободен играч.

Тоа значи дека Мбапе уште сега може да најде клуб и да потпише договор. Во последно време се шпекулира дека Манчестер сити може да ги расипе плановите на Реал Мадрид, но последните информации од Франција велат дека голгетерот веќе го има одбрано својот нов клуб и веќе ги договорил сите детали.

Реал Мадрид ќе биде следната дестинација на Французинот и веќе за неколку месеци треба да биде соиграч со Карим Бензема, со кого се заедно и во репрезентативниот дрес на Галските петли.

- Оглас -

Најнови вести