Мбапе веќе не го боли уво и ќе игра против Лајпциг

Килијан Мбапе го пропушти дербито од француското првенство меѓу Пари Сен Жермен и Лил, а причина за тоа беше ушната инфекција која ја имал голгетерот на Светците.

Според најавите од Париз, Мбапе денеска се чувствувал многу подобро и ја поминал инфекцијата, па сега е подготвен за следниот меч на ПСЖ, на гости кај Лајпциг во Лигата на шампиони.

По три кола во групната фаза од елитното натпреварување на УЕФА, ПСЖ е лидер во својата група со седум бода, додека Лајпциг е последен без ниту еден освоен бод. Овие два тима играа пред две недели во Париз и ПСЖ победи со 3:2.

 

- Оглас -

Најнови вести