Мбапе: Веќе не можам да си купам ни сирење

Еден од најдобрите играчи во светот, Килијан Мбапе откри што му е најголем проблем во досегашниот дел од кариерата. Напаѓачот на Пари Сен Жермен вели дека станал толку популарен што веќе не може да отиде во супермаркет и да ги купи потребните намирници.

„Кога ќе излезам надвор, веднаш се создава толпа на луѓе околу мене. Веќе не можам да отидам ниту до супермаркет. Ако заборавам да си купам сирење нема да можам да се вратам. Можеби ако го затворат супермаркетот, тогаш би купил тоа што ми е потребно. Еднаш сакав да излезам, да си купам сладолед и да прошетам. Штом се појавив надвор, околу мене имаше 500 луѓе“, вели Мбапе, кој сепак е свесен за целата ситуација и вели дека самиот го одбрал таквиот начин на живот.

„Тоа е животот кој го посакував. Мора да се соочам со ситуацијата. Не е лесно, но токму тоа го сакав“, додава Мбапе, кој е најдобар играч на ПСЖ и е желба на голем број на фудбалски гиганти.

 

- Оглас -

Најнови вести