За време на синоќешната церемонија на која ФИФА ги додели наградите за најдобрите во 2022 година, еден навивач го праша Килијан Мбапе дали би играл во Серија А и доби одговор, а сето тоа беше снимено.
„Ако одам таму (во Италија), би било во Милан“, рече Мбапе со насмевка на лицето.
Познато е дека Мбапе од италијанските клубови го симпатизира Милан, дадилката му била Италијанка чие семејство навивало за Милан, а во минатото се има и фотографирано во дрес на Робињо, од времето кога Бразилецот играше за Росонерите.
https://twitter.com/i/status/1630536830645936129