Реал Мадрид ќе игра против Пари Сен Жермен во полуфиналето на Светското клупско првенство, а според многумина ова ќе биде финале пред финалето. Во второто полуфинале ќе играат Флуминенсе од Бразил и англискиот Челзи.
Во пресрет на дуелот со ПСЖ, голгетерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе поже да се пофали со еден рекорд. Французинот е првиот фудбалер кој успеал во една сезона и тоа во првата откако е дел од Кралевите, да постигне гол во седум различни натпреварувања.
Мбапе до ова постигнување стигна откако даде погодок против Борусија Дортмунд во четвртфиналето на Светското клупско првенство. Со тој гол, Французинот во сезоната 2024/25 има давано голови во Примера дивисион, Купот на Шпанија, Суперкупот на УЕФА, Суперкупот на Шпанија, Лига на шампиони, Меѓународниот куп и сега на Светско клупско првенство.
Ниту еден играч претходно, вклучувајќи го и рекордерот по бројот на голови во дресот на Реал, Кристијано Роналдо нема ваков подвиг, да даде гол во седум различни натпреварувања во една сезона.