Мбапе во Реал Мадрид просечна македонска плата ќе заработува за помалку од пет минути (ФОТО)

Килијан Мбапе, според германски „Билд“, ги договорил условите со Реал Мадрид.

Францускиот напаѓач ќе заработува 50 милиони евра на годишно ниво, а педантните статистичари таа ја раситниле до најситен детаљ.

Мбапе просечната македонска плата ќе ја заработи за пет минути бидејќи тој ќе биде платен по 95 евра на минута.

За еден месец, сегашниот играч на ПСЖ ќе земе околу 4,2 милиони евра, односно на неделно ниво тоа би било 961.500 евра.

Мбапе за 24 часа ќе стане побогат за 137.360 илјади евра, а на еден час ќе зема по 5.723 илјади евра.

Како што напоменавме, во секоја измината минута како играч на Реал Мадрид ќе инкасира по 95.40 евра, а ако се подели на секунди, тогаш тоа би било 1.58 евро по секунда.

Навистина импресивно.

- Оглас -

Најнови вести