10.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Мбапе во Реал за еден час ќе заработи колку просечна годишна плата во Македонија

Килијан Мбапе на крајот од оваа сезона ќе го напушти Пари Сен Жермен и ќе се приклучи на Реал Мадрид. Според шпанските медиуми, веќе се постигнати сите детали околу договорот на Французинот, а се знае дека и годишната плата на Мбапе во Кралскиот клуб ќе изнесува неверојатни 50 милиони евра.

Со овој договор, Мбапе ќе стане еден од најскапоплатените спортисти во светот, а неверојатно делува фактот дека откако ќе го потпише договорот со Реал, уште во првиот час, тој ќе заработи повеќе од просечната годишна плата во Македонија. Ако се земе просек од 480 евра месечна плата во Македонија, на годишно ниво тоа е 5.760 евра, додека Мбапе за еден час ќе заработи 5.723 евра.

Еве како ќе заработува Мбапе за една година:

50 милиони евра – годишно

4.200.000 евра – месечно

961.500 евра – неделно

137.360 евра – дневно

5.723 евра – на час

95,40 евра – по минута

1,58 евра – по секунда

- Оглас -

Најнови вести