Мбапе за 32 минути направи нешто што досега никогаш не му успеало во дресот на Франција

Франција на полувремето има убедлива предност од 3:0 во дуелот против Казахстан и останувца само Галските петли формално да го одиграат вториот дел, за да може да бидат и дефинитивно учесници на завршницата на Светското првенство во Катар.

Доколку Франција ги освои трите бода против Казахстан, а тоа е повеќе од јасно, актуелниот светски првак ќе има 15 бодови, четири повеќе од втората Финска и тоа на само едно коло до крајот од квалификациите.

Килијан Мбапе е фантастичен и ги постигна сите три гола за Франција. Мбапе погодуваше во 6, 12 и 32 минута и со тоа испиша една нова страница во неговата кариера. Ова е прв хет-трик за Мбапе во репрезентативниот дрес.

 

- Оглас -

Најнови вести