Мбапе за еден ден загуби 700.000 следбеници на Инстаграм

Килијан Мбапе преку ноќ стана најнеомилен лик кај навивачите на Реал Мадрид, па тие масовно почнаа да му вртат грб на фудбалерот кој многу го сакаа и беа убедени дека ќе го засили Кралскиот клуб.

Мбапе иако му имаше дадено збор на Реал, на крај сепак реши да потпадне под притисокот од француската јавност, политичари и семејството, и ги прифати огромните катарски милиони евра, откачувајќи го Реал во последен момент.

После одлуката да остане кај Светците до 2025 година, Мбапе загуби многу следбеници на социјалните мрежи. Тоа се во големо мнозинство фанови на Реал, но не баш сите. Има и некои неутрални кои во Мбапе веќе не гледаат идол.

На Инстаграм, Мбапе за еден ден остана без 700.000 следбеници, а се очекува бројката да порасне и на милион. Мбапе има над 70 милиони следбеници, па тој еден милион минус можеби и нема да го потресе.

- Оглас -

Најнови вести