Напаѓачот на Франција, Килијан Мбапе, го изрази своето мислење за тоа кој би можело да го наследи Дидие Дешан како селектор на репрезентацијата по Светското првенство во 2026 година.
„Разбирам на кого мислите, но нема да ја коментирам оваа тема бидејќи тоа не е во моја надлежност. Одлуката ја носи претседателот на Федерацијата. Сите зборуваат за Зидан. Свесни сме за гласините и не живееме во вакуум, но не треба да навлегуваме во тоа. Кој би бил идеален наследник? Зинедин Зидан! Но, како што реков, конечната одлука ќе ја донесе Филип Дијало, претседателот на Француската фудбалска федерација. Ќе биде интересно да видиме кои критериуми ќе ги земе предвид и каков избор ќе направи“, изјави Мбапе во интервју за „Ле Паризиен“.
Дидие Дешан е селектор на Франција од 2012 година. Кон крајот на 2024 година најави дека ќе ја напушти функцијата по Светското првенство во 2026 година.