Меч како порачан за најдобрите стрелци – Обемејанаг и Варди погодија, Арсенал и Лестер ремизираа (Видео)

Арсенал и Лестер ремизираа 1:1 во меч како нарачан за двајцата најдобри стрелци во Премиер лигата. Пјер-Емерик Обамејанг погоди во 21-вата минута на дербито од 34-тото коло во Англија и ја круниса иницијативата на домаќините.

За Габонецот ова беше 20-ти гол во Премиер лигата и капитенот е и првиот играч на Арсенал по легендарниот Тјери Анри што имал учинок од 20 или повеќе голови во иста сезона во англискито првенство.

Арсенал имаше иницијатива и неколку зрели шанси за да ја дуплира предноста уште во првото полувреме, но капитенот на Лестер, Каспер Шмајхел, бранеше извонредно.

Во второто полувреме Еди Нкетија беше исклучен во 75-тата минута, само по 240 секунди откако влезе во игра, а предноста од фудбалер повеќе ја искористија Лисиците.

Најдобриот стрелец во Премиер лигата, Џејми Варди, погоди во 84-тата минута, што му е десетти гол против Арсенал и вкупно 22-тор сезонава.

Тој е на чело на листата на стрелците пред Обамејанг, а бодот што го освои Лестер не е доволен да се сочува третата позиција.

Лисиците паднаа едно место подолу по победата на Челзи против Кристал палас и сега имаат 59 бода, еден помалку од Сините од „Стемфорд бриџ“.

Арсенал не успеа да ја забележи четвртата победа по ред во Премиер лигата и остана на седмото место со 50 бода.

- Оглас -

Најнови вести