Арсенал вечерва го пречекува Манчестер сити во дербито на првопласираните две екипи во англиската Премиер лига. Ова е заостанат меч од 12-тото коло, а многумина проценуваат дека може да има големо влијание во трката за титулата.
Топчиите се најдобри во досегашниот дел од првенството со 51 бод, додека Сити е втор со 48 бодови, што значи дека Граѓаните со гостински триумф може да се израмнат по бројот на бодови со лидерот. Арсенал и по овој меч ќе остане со средба помалку од Сити, што значи дека дури и да загуби дома, ќе има уште една шанса за повторно да направи предност.
Арсенал пред своите навивачи нема пораз (осум победи и две реми) сезонава, додека Сити на гости игра променливо, па има само пет победи од 10 дуели. Ако се погледнат меѓусебните дуели во првенството, Сити доминира и има 10 победи по ред. Арсенал во Премиер лигата последен пат против Граѓаните се радувал во декември 2015 година, кога победи со 2:1.
Според најавите, тренерот на Арсенал, Микел Артета, нема да калкулира и ќе игра во офанзивна формација 4-3-3.
Што се однесува до Манчесер сити, помалку чудна е формацијата која се најавува за тимот на Пеп Гвардиола. Треба да има еден класичен напаѓач, но дури четворица офанзивци зад него во формацијата 3-2-4-1.