Меч кој ќе се памети: Домаќините водеа со 4:0 до 63-тата минута, а на крајот загубија (Видео)

Додека најголем дел од фудбалските првенства завршија, во Норвешка дури сега станува интересно затоа што во тек е 10-тото коло од првенството, и тоа во втората лига. Некогашниот првак Стабек играше на свој терен, водеше со 4:0 во средината на второто полувреме и никој не можеше да претпостави дека на крајот може да загуби, а токму тоа се случи.

Егерсунд беше тимот кој направи херојски пресврт кој се гледа еднаш можеби во 10 години во светскиот фудбал. Стабек, кој беше првак не толку одамна, односно во 2008 година, водеше со 4:0 на свој терен до 63-тата минута, а во последните половина час се случи чудото.

Домаќините целосно застанаа со играта, а тоа го искористија гостите. Во периодот од 63-тата до 72-рата минута, Егерсунд постигна три гола, а потоа имаше мало затишје, па Егерсунд израмни во 89-тата минута на 4:4. Гостите не сопреа тука и со погодок во 90+4 минута го комплетираа неверојатниот пресврт, кој може да го видите на видеоклипот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести