Ливерпул мора да освои три бода, Јуве игра против ривалот кој го победи 13 пати во последните 14 средби

1110 Ливерпул – Тотенхем (17:30 ч.)

Со три победи во последните три кола, Ливерпул во позитивна атмосфера го чека дуелот против Тотенхем. Ова е меч кој домаќинот на „Енфилд роуд“ мора да го добие за да остане во трка за место кое води во Лигата на шампиони.

Ливерпул има 53 бодови на седмото место, а Тотенхем со еден бод повеќе е петти на табелата. Манчестер е четврти со 60 бодови, што значи дека тимот на Јирген Клоп мора да атакува на трите бода.

Предлог тип: 1&2-4 (2.55)

 

1707 ПСЖ – Лориен (17:05 ч.)

Нема дилема дека домаќинот ќе победи. Лориен е во лоша форма и нема победа во последните пет кола, па сигурно нема што да бара на „Паркот на принцовите“. Тоа што може да се очекува на овој дуел се голови.

ПСЖ секогаш игра атрактивно и офанзивно, но и Лориен на последните четири средби против Светците постигнува барем по еден погодок.

Предлог тип: ГГ3+ (1.88)

 

3009 Болоња – Јувентус (20:45 ч.)

Јувентус беше елиминиран од Купот на Италија и тренерот Алегри најави дека целиот фокус ќе биде ставен на првенството и Лигата на Европа. Старата дама нареди три порази по ред во Серија А, нешто што ретко се случува, па едноставно ова е меч на кој гигантот треба да покаже дека се враќа во форма.

Болоња дома има само три порази во 16 меча, но ако се гледа традицијата, Јувентус е апсолутен фаворит, затоа што тимот од Торино има дури 13 победи во последните 14 средби со овој ривал.

Предлог тип: 2 (2.25)

 

1364 Валјадолид – Атлетико Мадрид (21 ч.)

Валјадолид е тимот со вториот најслаб напад и третата најлоша одбрана, но сепак тоа е тим кој засега е сигурен од испаѓање. Атлетико Мадрид стандардно игра цврсто во одбраната, а гостите овојпат се фаворити за трите бода.

Според начинот на игра и моменталната форма, јасно е дека не треба да се очекуваат многу погодоци.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.50)

 

1544 Спортинг Лисабон – Фамаликао (21:30 ч.)

Домаќинот е голем фаворит, а интересно за дуелите против Фамаликао е дека на последните пет средби, секогаш резултатот на крајот бил со 2-3 погодоци. Спортинг дома игра речиси перфектно со 11 победи од 14 средби, а Фамаликао и не е некој опасен гостин.

Предлог тип: 2-3 гола (2.05)

 

- Оглас -

Најнови вести