Оклахома Сити тандер или Индијана пејсерс, еден од овие два тима утре рано наутро за првпат во својата историја ќе ја освои титулата во кошаркарската НБА лига. Индијана 49 сезони игра во НБА и никогаш не била шампион, а во Оклахома сити 17 сезони се играат НБА мечеви.
Тандер и Пејсерс не се во редот на најпопуларни НБА тимови, немаат многу навивачи надвор од своите градови кои и онака не се преголеми, но интересот за вечерашниот меч ќе биде голем, бидејќи станува збор за седми одлучувачки меч за титулата. Досега во историјата на НБА финалињата, ова ќе биде 20-та мајсторка. Билансот досега е 15 победи на домаќините и само 4 на гостинските тимови во 19-те мајсторки.
Оклахома Сити влегува во натпреварот како фаворит, со оглед на тоа што го започна плејофот како најдобар тим во регуларната сезона. Индијана, од друга страна, влезе во плејофот како седмопласирана екипа во Источната конференција.
Домашните се големи фаворити за победа, но и притисокот ќе биде поголем врз нив, а Индијана веќе покажа дека може да победи во Оклахома и никако не е за отпишување.
Според квотите во Sport Life, јасен фаворит е Оклахома, а имате опција и да одиграте на некои поединци за кои верувате дека може да погодите колку поени ќе постигнат доцна вечерва.