Македонскиот интернационалец Андреј Тодороски ги постигна двата гола за Спартак Суботица во триумфот од 2-0 против ИМТ во осмото коло од српското првенство.
Фудбалерот за врска има три гола сезонава во српската Суперлига, а вечерва првпат даде два гола на еден меч откако игра за Спартак, тоа е од 2021 година наваму. Пред да потпише за Спартак, има играно за австриски тимови.
Особено убав беше вториот гол на родениот прилепчанец, кога со прекрасен шут од далечина со левата нога ја испрати топката таму каде што голманот немаше шанса да одбрани.