Меч под „снајперски нишан“ во Приштина, има најави дека може да биде и прекинат!

Косово е домаќин на Израел во меч од квалификациите за пласман на Европкото првенство во Германија следната година, а според многумина ова е најризичниот дуел во овие квалификации. Мечот требаше да се игра минатиот месец, но беше одложен откако започна воениот конфликт меѓу Израел и Палестина.

Во овие 30-40 денови, конфликтот само се разжести, има илјадници мртви, а Израел сепак ќе треба навреме да ги заврши дуелите од квалификациите, па во следните 10 дена ќе ги одигра последните четири натпревари. Првиот, а воедно и најризичниот е вечерашниот во Приштина.

Според пишувањата на израелскиот портал „Еден“, вечерва на стадионот и околу него ќе бидат распоредени околу 300 израелски полицајци и припадници на специјалната единица. Снајперисти треба да има поставено на крововите на сите куќи и згради кои се во близина на стадионот.

На стадионот ќе има 14.000 гледачи и сите имаа персонализирани билети, а на трибините ќе може да се влезе само со претходно покажување на лична карта. Овие безбедносни мерки се очекувани, посебно затоа што на социјалните мрежи се појавиле многу коментари кои повикуваат мечот да не се одигра.

Од спортски аспект, Израел е на трето место во групата со 11 бодови од шест меча и заостанува четири бода зад второпласираната Швајцарија која има 15 бодови од седум средби. Во следното коло Израел ќе биде домаќин на Швајцарија што значи дека гостите во Приштина едноставно мора да бркаат победа.

- Оглас -

Најнови вести