25.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Меч полн со емоции, а на крајот играчите на Ливерпул покажаа што за нив значеше Жота (Видео)

Ливерпул со 3:1 славеше во првиот контролен меч во пресрет на новата сезона и тоа на гости кај второлигашот Престон. Дуелот беше полн со емоции затоа што ова беше прв дуел за Ливерпул, по трагичната несреќа што го снајде Диого Жота, кој загина во сообраќајна несреќа.

Пред почетокот на средбата, еден фудбалер на Престон постави венец пред трибината на која беа навивачите на Ливерпул, додека ечеше навивачката химна на англискиот гигант.

По мечот, повторно имаше моменти посветени за сеќавање на Жота. Сите фудбалери и членови на стручниот штаб цели 10 минути стоеја пред навивачката трибина на фановите на Ливерпул оддавајќи почит на прерано починатиот португалски фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести