Репрезентациите на Гибралтар и Лихтенштајн ремизираа 2:2 во меч од најслабиот Д сегмент во Лигата на нации. Домаќините поведоа со гол по само осум минути игра, а гостите израмнија во 53 минута.
Потоа беше мирно до 10-тина минути пред крајот. Во 82 минута Вокер промаши пенал за Гибралтар, а потоа во 90+2 минута гостите дадоа гол, кој беше поништен поради офсајд.
Дури потоа продолжија возбудувањата. Во 90+7 минута Гибралтар даде гол за 2:1, по што следуваше голема радост за домаќините, но тоа не беше крајот. Во 90+14 минута, беше досуден пенал за Лихтенштајн, а гостите со погодокот на Хеслер стигнаа до 2:2.
Гибралтар е на 198 место на ФИФА листатам а Лихтенштајн е една позиција подоле. Само Сан Марино кој е на последното 210 место на ФИФА листата е послаба европска селекција од овие две.