Меч во Франција не го дочека крајот поради инцидент во кој настрада голманот на гостите

Дуелот меѓу Монпелје и Клермон не го дочека својот крај, откако беше повреден гостинскиот голман. Домаќините водеа со 4:2, се играа последните минути од средбата, кога од трибините беше фрлена петарда. Таа пукна во близина на нозете на гостинскиот голман Мори Диав и го повреди.

По укажаната лекарска помош, голманот на носилки беше изненсен од теренот. Во меѓувреме, неговиот соиграч Нето Боргес покажа среден прст кон трибината од каде беше фрлена петардата и за тоа доби црвен картон од судијата.

Фудбалерите на Клермон веднаш го напуштија теренот, а неколку минути пподоцна истото го направија и домашните играчи на Монпелје. Судијата Флоран Бета го прекина мечот, а подоцна делегатот потврди дека натпреварот нема да се доигра.

https://twitter.com/i/status/1711047113470099683

- Оглас -

Најнови вести