Во натпревар од младинската лига за фудбалери до 19 години, екипата на АП Брера Струмица денеска го растури Скопје со неверојатни 20-0.
Со голема ефикасност се истакнале Никола Талески и Живко Крстев, кои постигнале по осум гола.
Инаку, според досегашните резултати, Скопје е убедливо најслаб тим во лигата сезонава. По пет одиграни кола, овој тим нема бод, а гол-разликата им е катастрофални 0-63.