Во денешната понуда доминираат мечеви од Лигата на шампионите

6731 Лудогорец – Сутјеска (19:45 ч.)

Бугарскиот првак е многу поискусен во европските натпреварувања и е фаворит во двомечот против ривалот од Црна Гора.

Лудогорец има дури и настапи во групната фаза од Лигата на шампионите и сигурно вечерва на домашен терен ќе се обиде да се стекне со солидна предност пред реваншот.

Предлог тип: 1&2-5 (1.49)

 

6735 Шемрок роверс – Хибернијанс (20:30 ч.)

Шампионот на Република Ирска и оваа сезона е најдобар тим во својата земја и има двоцифрена предност во однос на сите останати. Шемрок роверс е во натпреварувачки ритам, додека Хибернијанс два месеци нема одиграно натпреварувачки дуел.

Фактот дека Шемрок е во натпреварувачка форма бидејќи игра дома го прави фаворит за триумф.

Предлог тип: 1-1 (1.93)

 

1615 Пјуник – Клуж (18 ч.)

Ерменскиот првак игра дома, но гостите од Романија се во улога на фаворити на овој меч. Добра одбрана е главна карактеристика во играта на Пјуник, тим кој не одигра ниту еден контролен меч по завршување на првенството во мај.

Клуж имаше четири подготвителни дуели пред денешната средба и романскиот првак победи во сите четири меча, што значи дека се полни со самодоверба за нов триумф.

Предлог тип: 2 (1.63) Квота од Супер типот

 

5251 Ел Гунах – Ал-Ахли (21 ч.)

Ал-Ахли секогаш е тим кој цели на највосок пласман во првенството на Египет, а тоа значи дека и на секој меч оди на победа. Интересно е дека последните три дуели на овие два тима завршиле нерешено, а претходно Ал-Ахли имаше шест триумфи во низа.

Ел Гунах има седум порази во последните девет средби во сите натпреварувања и реално сега немаат голема шанса да освојат бодови.

Предлог тип: 2 (1.31)

 

6734 ТНС – Линфилд (20 ч.)

Прваците на Велс и Северна Ирска се во битка за следната фаза од квалификациите за Лигата на шампионите. ТНС нареди девет победи во низа од крајот на минатата сезона, плус пријателските мечеви, а на крајот загубија од Ларне со 2:0.

ТНС верува дека ќе ја искористи предноста на домашен терен.

Предлог тип: 1 (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести