Вкупниот коефициент за денешните пет предлози на Sport Life во Квоти на денот изнесува 43.73, а поединечно, за сите игри квотите се над 2.00.
Прв предлог е да уплатите дека на мечот Ајнтрахт – Мајнц, гостите нема да победат, и дека ќе има гол во прво полувреме. Оваа комбинација во Sport Life носи квота 2.10.
Каљари да не победи, туку да ремизира или загуби дома против Торино во меч со еден до три гола, е предлогот за кој имате квота од 2.05.
Потоа следува квота од 2.10 за Челзи – Астон Вила, а играта е дека двата тима ќе постигнат гол и дека во двете полувремиња ќе има барем по еден погодок.
Популарната игра во двете полувремиња да има од еден до три гола, денеска носи квота од 2.15 за средбата на Лион со Рен.
Во денешните квоти на денот, крајот го краси делото. Петтиот предлог е со најголема квота од 2.25 и тоа за победа на Манчестер сити на гостувањето кај Тотенхем во ФА купот, со додаток дека мора да има гол(ови) во двете полувремиња.