Мечевите од Европското првенство во Рим ќе се играат со публика!

Мечевите од Европското првенство кои летово ќе се играат во Рим, ќе се играат со присуство на публика, одлучи Владата на Италија. Според планот, „Олимпико“ е стадионот на кој ќе се играат дуелите од континенталниот собир, а од Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ) одлучија дека може да има гледачи на трибините.

Капацитетот на „Олимпико“ во Рим е 72.698 гледачи, а засега уште не се знае како ќе бидат продавани влезниците. Во Рим ќе се игра првиот меч од Европското првенство меѓу Италија и Турција на 11 јуни, а потоа ќе се играат уште три натпревари. Италија ќе игра против Швајцарија на 16 јуни, а потоа Аѕурите ќе бидат домаќини и на Велс на 20 јуни. На „Олимпико“ ќе се игра и еден меч од четвртфиналето на континенталниот собир на 3 јули.

 

- Оглас -

Најнови вести