Мечевите од женското ЕП гарантираат погодоци

6733 Холандија жени – Шведска жени (21 часот)

Полуфиналистките од последното Светско првенство треба да приредат возбудлив дуел бидејќи се издвојува како дерби на вечерта на женското ЕП. Шведска е во нијанса подобра форма бидејќи Лалињата во подготовките загубија со 5-1 од Англија, но и двете селекции играат офанзивен фудбал и гарантираат погодоци.

За разлика од претходните пет меѓусебни дуели во кои само еднаш имало повеќе од два гола, Холандија и Шведска вечерва ќе се распукаат.

Предлог тип: 3+ (2.15)

 

6732 Португалија жени – Швајцарија жени (18 часот)

Во исклучително тешката група Ц, Швајцарија попладнево ќе биде фаворит против Португалките. Сепак, формата на швајцарската селекција е прилично лоша, загуби четири од последните пет меча, односно прими 11 гола во двете контролки пред Европското.

Во меѓусебните дуели Швајцарија води 2-1 против Португалија, но последен пат се сретнаа пред три години и со промени во составите денеска треба да приредат неочекуван исход.

Предлог тип: ГГ3+ (2.30)

 

3231 Зенит – Спартак Москва (18 часот)

Рускиот шампион не би требало да има проблеми против Спартак со оглед на тоа дека славеше во три од последните пет меѓусебни дуели. Во нив, се памети и дебаклот од 7-1 во рамките од првенството, па затоа и се очекува Зенит трета година во низа да го освои Суперкупот.

Гигантот од Санкт Петербург во меѓувреме ја одржуваше формата со три победи во подготовките, но и Спартак во меѓувреме влезе во позитивно издание и треба да биде возбудлив дуелот.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.78)

 

3138 Јавор  – Партизан (20 часот)

Стартот на српското првенство треба да помине без изненадувања, односно Партизан треба да тргне со сигурна победа како главен конкурент за титулата на шампионот Ѕвезда.

Црвено-црните имаат перфектен биланс од пет победи против Јавор во кои постигнаа 15 гола, а примија само два, па така треба да продолжат и вечерва.

Предлог тип: 2 & T2 3+ (1.97)

 

4202 Сан Лоренцо – Бока јуниорс (20:30 часот)

Бока мора да го поправи учинокот кој по шест кола е еднаков на три победи и три порази. Вечерва ќе бидат гости на екипата од која немаат загубено од ноември 2014 година на непријателско тло, па затоа гигантот од Буенос Аирес треба да се радува по 90 минути игра.

Иако Бока е во лоша форма и тагува по елиминацијата од Коринтијанс во Копа Либертадорес, сега ќе ги лечи раните против тимот кој во шесте кола од агренинското првенство дури четирипати ремизираше.

Предлог тип: X2 & 2-4 (2.06)

- Оглас -

Најнови вести