Фудбалерите од првата и втората Бундеслига во Германија ќе носат црни ленти во следните две кола во чест на починатите од корона-вирусот, потврдија од германската фудбалска лига, ДФЛ.
„Распространувањето на вирусот однесе многу животи во целиот свет. Германскиот фудбал сака да го изрази своето сочувство во следните две кола. Изразуваме и восхит за работата на медицинските лица, нивната грижа и борбата со пандемијата во нашата земја”, објавија од ДФЛ.
Пред почетокот на натпреварите, ќе има едноминутен молк.