Мечките од Мемфис се уште спијат, им виси пласманот во плејофот (Видео)

Јута Џез успеа да ја искористи кризата во таборот на Мемфис гризлис и победи со 124:115 во премиерниот меч од денешната програма во НБА лигата.

Предводени од одличниот стрелец Џош Инглс, кој беше најефикасен на мечот со 25 поени, Џезерите славеа втора победа на четвртиот меч штого играат по рестартот на сезоната во НБА лигата.

Инглс постигна шест тројки и наметна победничко темпо за четвртопласираниот тим во Западната конференција. Јута со победата вечерва го претрка Хјустон и има биланс од 43-25.

Мајк Конли беше блиску до учинокот на Инглс и постигна 23 поени. Одличен беше и Руди Гобер со 21 поен и 15 скока.

Кај Мемфис Гризлис, екипа која има четири порази на четири меча по кам-бекот на терените во НБА лигата најефикасен беше Брукс со 23 поени. Валанчиунас постигна 21 поен со 14 скока, а личен рекорд забележа Ален со 20 поени.

Мемфис е на осмото место во Западната конференција, последно што води директно во плејфот за титулата.

- Оглас -

Најнови вести