Мечот Алкалоид – АЕК нема да се одигра…вечерва?!

Реванш натпреварот од финалето на ЕХФ Европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК Атина нема да се одигра. Грчкиот тим не сакаше да излезе на теренот, поради заканата од сопствените навивачи, дека не смеат да играат затоа што дел од хулиганите биле вратени од македонско-грчката граница.

Ракометарите на АЕК излегоа на теренот, но веднаш беа повлечени во подтрибинскиот простор, а потоа имаше мачење од повеќе од 30 минути, чекање…За крај, делегатот донесе одлука дека натпреварот вечерва нема да се одигра.

Одлуката сега ќе се носи на „зелена маса“ во просториите на ЕХФ, наредните денови…

- Оглас -

Најнови вести