Мечот Барселона – Вилјареал ќе влезе во историјата поради еден потег на Флик: „Можно е да го направам тоа“

Барселона вечерва на свој терен игра против Вилјареал во меч од 37 коло на Примера дивисион. Овој дуел нема да има големо значење затоа што Барселона веќе ја обезбеди титулата во шпанското пренство, а гостите речиси сигурно ќе бидат на позиција која води пласман во Лига на шампиони за следната сезона.

Сепак, ова може да биде дуел кој ќе влезе во историјата на шпанскиот фудбал, а се зависи од тоа како ќе одлучи тренерот на Барселона, Ханси Флик. На прес-конференцијата пред мечот, Флик потврди дека ќе направи неколку измени во стартниот состав, но потенцираше дека верува во сите играчи кои ќе бидат на теренот.

„Вилјареал има добра сезона. Имаат квалитетни играчи и сигурно нѐ очекува тежок меч. Ние сакаме да победиме и со триумф пред своите навивачи да ја прославиме титулата. Би можело да има некои промени во стартниот тим, но уште не знам кој ќе биде точно почетниот состав. Претходниве деновиви беа за прослава, многу наши играчи одеа на забави. Меѓутоа, ако може да одат на забави, може и да тренираат, а секако и да играат натпревари. Сакам да ја завршиме оваа сезона онака како што ја започнавме“, рече Флик.

Германскиот стратег потоа откри дека размислува во стартните 11 играчи Барселона да биде со фудбалери кои биле дел од школата на клубот, популарната Ла Масија.

„Размислувам и да започнеме со 11 играчи кои потекнуваат од Ла Масија. Постои шанса тоа да се случи. Ќе одлучам пред мечот дали ќе биде така“, додаде германскиот стратег на чело на Барселона.

Школата на Барселона е најпознатиот расадник за фудбалски таленти во светот.

- Оглас -

Најнови вести