Мечот го почнаа со двајца голмани, а на полувреме веќе губат со 7:0 (Видео)

Екипата на Беланенсеш има голем број на заразени играчи со Коронавирусот, но дуелот против Бенфика сепак го играат. Домашниот тим едвај собра девет здрави играчи, со кои реши да истрча на терен против фаворизираната Бенфика.

Од тие девет играчи, освен голманот на гол-линијата, во игра е и резервниот голман во улога на играч. Уште пред почетокот на средбата беше јасно дека домаќинте ги чека дебакл, а тоа и се случува. По првите 45 минути, Бенфика води со 7:0.

Првиот гол гостите го дадоа по само 24 секунди, а потоа продолжи голеадата, во која најактивен е Нуњес со хет-трик.

 

 

- Оглас -

Најнови вести