Кога Селтик и Глазгов Ренџерс ќе се сретнат, тогаш во Шкотска се друго паѓа во втор план, па така е и денеска.
Од 13:30 часот на „Селтик Парк“ ќе се сретнат вечните ривали кои за прв пат по 2007 година и двата тима ќе ги гледаме во Лигата на шампионите.
По 431 пат овие две екипи ќе ги одмерат силите во познатото „Олд Фирм“ дерби, коешто е повеќе од обичен фудбалски натпревар.
Навивачките групи на великаните се поделени на секое можно ниво, а најголема одлика е тоа што речиси 99 проценти од навивачите на Селтик се Католици, додека истиот процент е и кај навивачите на Ренџерс кои, пак се Протестанти.
Можеби квалитативно овие две екипи заостануваат зад неколку од дерби средбите кои што се на програмата, но, со сигурност тврдиме дека најжешката атмосфера и најголемата борба ќе биде токму на „Селтик парк“ во Глазгов.