Мечот меѓу Палмеирас и Ал-Ахли прекинат поради најава за невреме (Видео)

Палмеирас и Ал-Ахли играат при резултат 2-0 во Њујорк во вториот натпревар од групата А на Светското клупско првенство. Мечот е прекинат по 63 минути, поради најава за невреме.

Весам Абу Али си постигна автогол во 49-тата минута, а во 59-тата минута стрелаше резервистот Хозе Лопес. Во првите натпревари и двете екипи одиграа без голови, Бразилците со Порто, а Египќаните со Интер Мајами.

Тренерот на Палмеирас, Абел Фереира, направи само две измени во составот по ремито без голови со Порто.


Спротивно на очекувањата, Египќаните го започнаа мечот подобро, но не успеаја да го отворат резултатот.

Бразилците го започнаа второто полувреме поагресивно и така во 49-тата минута поведоа и со малку среќа, откако Абу Али, во обид да ја исфрли топката по центаршут од слободен удар, ја испрати во сопствената мрежа. Следеше ВАР проверка, по која Тејлор соопшти дека играч на Палмеирас бил во пасивен офсајд, па голот беше признат.

Во 59-тата минута Палмеирас ја удвои предноста на својот тим со прецизен удар по земја.

Веднаш по вториот гол, мечот беше прекинат поради опасност од грмотевици. Организаторите соопштија дека паузата ќе трае најмалку 40 минути.

- Оглас -

Најнови вести