Мечот меѓу Вардар и Црвена ѕвезда со пренос на МТВ и на Арена спорт

Хуманитарниот пријателски натпревар меѓу Вардар и Црвена ѕвезда, кој ќе се одигра утревечер на арената „Тодор Проески“, со почеток од 20 часот, ќе може да се проследи и во живо преку телевизиски пренос.

Мечот ќе се емитува на Македонската телевизија (МТВ), а за гледачите ширум Балканот ќе биде достапен и на Арена Премиум 3 каналот.

На трибините се очекува вистинска фудбалска прослава со повеќе од 20.000 присутни навивачи.


Целокупниот приход од продажбата на билети ќе биде дониран во хуманитарни цели – конкретно за помош на семејствата погодени од трагедијата што неодамна се случи во Кочани.

- Оглас -

Најнови вести