Екипите на Бенфика и Окленд сити во 18 часот по македонско време го започнаа својот дуел во Орландо од второто коло на Светското клупско првенство, но грмотевиците и силниот дожд придонесоа средбата да биде прекината на полувреме.
Паузата беше многу долга, а овој меч заврши после дерби дуелот на Фламенго и Челзи кои почнаа во 20 часот, но немаат проблеми со временските услови.
Бенфика победи со 6-0, резултат со кој аматерите од Нов Зеланд може да бидат релативно задоволни, со оглед на тоа дека во првото коло против Баерн настрадаа со 0-10. Овојпат примија помалку голови, а особено добар отпор дадоа во првиот дел кога имаа 0-0 до осмата минута од судиското продолжение.
После паузата, Бенфика излезе помотивирана и фокусирана, па на крај испорача „половина дузина“ во мрежата на најслабиот тим на Светското клупско првенство. Ако Бенфика оди во осминафинале, би се сретнала со Фламенго или Челзи, но лисабонските Орли ќе треба да се надеваат дека Бока јуниорс ќе загуби од Баерн и нема премногу убедливо да го победи Окленд.