Хуманитарниот бет билдер на Спорт Манија за овој петок е од дерби-дуелот на Премиер лигата помеѓу Челзи и Манчестер јунајтед. Изборот падна на опцијата со квота од 17.00, а за да биде добитен, потребно е да бидат погодени четирите игри.
За да биде добитен Хуманитарниот бет билдер, на мечот на „Стемфорд бриџ“ треба да има најмалку четири погодоци, но и двете екипи да изведат најмалку по четири корнери, но и Марк Кукуреља да направи барем еден фаул, а Алехандро Гарначо да упати најмалку еден удар во рамките на противничкиот гол. Навистина реални опции.
Нето-добивката на тикетот изнесува 14.600 денари, која ако биде добитен, ќе биде донирана во хуманитарни цели.